Кина е втора држава во светот која своето знаме го развеа на Месечината.

Најбројната држава во светот успеа на Месечината да испрати три свои вселенски летала. Последен пат тоа се случи на 1 декември годинава.

Станува збор за роботизираното севселенско летало чија мисија има за цел да собере четири килограми месечеви карпи. Кинезите очекуваат леталото на Земјата да слета кон средината на месецов, а освен што собра камења, со леталото фотографирана е и површината на Месечината, при што е фотографирано и кинеското знаме поставено на Месечината.

Кина има големи амбиции во вселенските истражувања, па така во 2022 година планира да им постојана вселенска станица. Во меѓувреме јакне соработката со Европската вселенска агенција.

Односите со НАСА се ограничени поради американската загриженост дека кинеската вселенска програма е позврзана со нивниот воен развој. Сепак, научниот директор на НАСА, Томас Зурбушен, на Твитер ѝ честиташе на Кина за слетувањето на Месечината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.