Британското кралско семејство има строги правила кои неговите членови мора да ги почитуваат.

Одредени правила често изгледаат бесмислени, а едно од нив е дека членовите на монархијата не смеат да прават селфи. Затоа многумина беа изненадени од она што принцезата од Велс Кејт Мидлтон го направи на неодамнешниот настан.

Имено, таа како дел од својата нова компанија го посетила британскиот град Лидс и еден од неговите маркети, каде разговарала со луѓето кои работат на тој пазар. Во моментот кога минувала низ толпата, маж ја замолил да се фотографира со неа, што таа со задоволство го прифатила и направиле селфи.

Извинете, навистина сум нервозен“, ѝ рекол мажот, што може да се слушне на видеото кое се појави на Твитер.

 

Ве молам, не грижете се. Во ред е, сите понекогаш сме нервозни“, одговорила Кејт.

Принцезата од Велс веќе еднаш го прекрши правилото за селфи, кога со Вилијам посети болница и направила селфи со медицинските сестри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.