Еден од најинтригантните бракови во Холивуд е помеѓу актерот Џорџ Клуни и Амал Клуни. Брачната двојка, која ја чува приватноста и семејниот живот надвор од очите на јавноста се разведува, а сето тоа се должи на ефектите од пандемијата од коронавирус и живеењето во изолација.

Џорџ не е навикнат некој да му наредува и не го поднесува тоа, а Амал започна да ја гуши целата врска и не сака цело време да чисти зад него“, изјави извор за медиумите, додавајќи дека и двајцата се подготвени за развод, тежок 500 милиони долари.

Животот во изолација така пресуди на славната двојка, која има двегодишни близнаци Ел и Александар.

Сепак, нема официјална потврда за наводите, а со оглед дека за нивниот развод веќе се пишувало неколку пати, целата ситуација е се уште неизвесна, јавуваат западните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.