Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите. Од фотографиите што ги испрати читател, се гледа дека во кампот од силниот ветер искршени се дрвја, а дел од нив паднале и врз приколките.

Од кампот велат дека нема повредени и дека допрва ќе се утврдува штетата.


фото:сакамдакажам.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.