Кејт Мидлтон и приноцт Вилијам заминаа на семеен годишен одмор, заедно со своите три деца Џорџ, Шарлот и Луј. И годинава, како лани, за летна дестинација за одмор го одбраа островот Мустик.

Познат како остров на милијардерите, Мустик е дел од малата островска држава Сент Винсент и Гренадини, сместен во југоисточниот дел на Карипското море.

Островот е мал по големина, а стана познат во 70-те години кога љубителите на раскошни забави и милионерите, почнаа да се собираат тука за да се забавуваат за време на викендите и празниците.

Според објаснувањето на близок пријател на кралското семејство, Кејт и Вилијам вторпат го одбираат овој далечен остров за летување поради дискрецијата и приватноста, но и поради довербата на персоналот кој работи за нив во изнајмената вила.

На Мустик, кралската двојка со децата ќе останат две недели. Принцот Џорџ тука ќе го прослави денес, 22 јули, својот шести роденден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.