Џони Деп е во Белград каде помина 24 часа, а неговите обожаватели се пресреќни и го следат секој негов чекор. Така беше и синоќа во центарот на Белград каде го дочекаа фановите пред вечерата со бројни личности од јавниот живот на Србија.

Холивудскиот актер по 20 часот пристигна на вечерата, а пред влезот се фотографираше со фановите и делеше автограми. Во еден миг му пријде госпоѓа која замоли за автограм за нејзината ќерка.

Ве молам за мојата ќерка, му рече госпоѓата на актерот.

 

А каде е таа? , праша Деп а потоа девојката му пријде.

 

Џони Деп ја праша како се вика, таа одговори Нина и почна да плаче од среќа.

Видеото може да го погледете на следниов линк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.