Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, во историјата остана познат по своите светски турнеи, посети на земјите од целиот свет и патувањата кои траеле и по неколку месеци. Сепак, во срцето на Србија постои град кој тој го одбегнувал.

Урбаната легенда која се раскажува во Чачанскиот крај вели дека владетелите на Србија не го сакале овој град. Кралот Александар Караѓорѓевиќ го посетил само еднаш и тоа поради погребот на војводата Степа Степановиќ. Тито го заобиколувал, а ниту новите политичари не го “мирисаат” многу, многу…

За време на своето 35-годишно владеење Тито во Чачак бил само седум пати и тоа секогаш на поминување, на патот кон Ужинце. Планирано во Чачак не дошол никогаш, а историчарите сметаат дека тоа е поради фактот дека Тито овој град до крајот на својот живот го доживувал како близок на равногорското движење. И не вредело ни тоа што секогаш кога тој поминувал низ улиците толпа луѓе го поздравувале.

josip-broz-tito-i

Чачанците во очите на Тито секогаш останале – четници, можеби поради нивната близина до Равна Гора и песната “Na planini, na Jelici”.

Во реалноста, извештаите на полицијата на Југославија од 1940-та година Чачак го оцениле како озлогласено “комунистичко жариште” во Западна Србија. Од овој град потекнувале познатите комунисти – Филип Филиповиќ, Коста Новаковиќ, Драгиша Мишовиќ, Милка Миниќ, Милош Миниќ …

Меѓутоа, Тито сепак имал поинаква перцепција за ова место. Старите Чачани се уште зборуваат дека секогаш пред доаѓањето на претседателот на СФРЈ, луѓето означени како противници на режимот биле превентивно уапсени една недела порано, а етикетата “град на бунтовници” и место за избегнување ја запечатила ситуацијата кога за време на втората посета на Тито во Чачак, токму за време на неговиот говор снемало струја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.