Откако одекна како бомба веста дека Сораја Вучелиќ тајно се гледала со Душко Тошиќ, кој и подарил алка во вредност од 60.000 евра, неговата се’ уште законска сопруга Јелена Карлеуша како да почна да се угледува на старлетата.

Српската „мала од скандала“ секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи каде што повеќе од јасно се гледаа дека заинтересирано ги следи животот и работата на поранешната учесничка во “Големиот брат”. Во прилог на тоа, сведочи и последната објаваа на Јелена Карлеуша.

Пејачката споделила фотографија како седната на креветот позира во деколтиран фустан во кој до израз доаѓаат нејзините бујни гради. И ништо не би било чудно доколку наводната, поранешна љубовница на нејзиниот сопруг, неколку дена пред тоа не сподели фотографија на ист начин, дури и во истиот фустан, но со различна боја.

Следбениците забележаа уште некои сличности.

Леле, Карлеуша ја симнала Сораја. Мал нос, изразени јаболчници, сини коси очи, мала глава, големи гради, полни усни… сето тоа е заштитен знак на Сораја – се само некои од коментарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.