Македонската актерка Јелена Јованова, по подолго време објави семејна фотографија на социјалните мрежи.

Јелена, која живее во ЗАгреб каде што е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ, во интервју за хрватскиот магазин „Стори“, открива како ги поминала првите месеци по породувањето и тоа во време кога светот се бори со пандемијата на корона вирусот.

На прашањето по што ќе ја памети 2020 година, Јелена вели дека тоа е ќе остане во сеќавање како екстремно тешка година, но дека, сепак, најмногу ќе ја памети по раѓањето на синот Јаков.

Ако оваа година беше сценарио за холивудски филм, тогаш би рекла: „Малку претеравте“. Но, очигледно би погрешила. 2020 година ни донесе вистински емоционален вртлог, а на врвот на пиедесталот секако дека е Јаков – вели Јованова.

За периодот по породувањето Јованова објаснува дека првите две-три недели биле многу напорни.

Последици од породувањето, хормони, прилагодување. Сите три работи требаше да си дојдат на свое место. Не беше како во бајка, но некако влеговме во рутина. Секој ден стануваше многу полесно и позабавно – вели актерката.

 

Јелена Јованова објави семејна фотографија: 2020 година беше како сценарио за филм, ама се роди Јаков

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.