Младата српска водителка Деа Ѓурѓевиќ е тешко повредена и нејзината рака била откината во тешката сообраќајна несреќа која се случила рано утрово околу шест часот близу белградската болница „Др. Драгиша Мишовиќ“.

Водителката според најновите информации веднаш е пренесена во болница каде лекарите преку операција се борат за спасување на нејзината рака.

За време додека репортерката говореше за сообраќајната несреќа, водителката Јована Јоксимовиќ се расплака во студиото.

Инаку претходно на новинарско прашање дали таа прави сообраќајни прекршоци со оглед дека нејзиниот свршеник е репортер за црна хроника вели:

-Не смеам да кажам, Младен ќе ме убие. На секој му се случува, не можеш папучата цело време да ја држиш под контрола, рече неодамна Деа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.