Свештеник на Римокатоличката црква во Италија кој го препуштил својот респиратор на друг, помлад пациент, кого не го ни знаел, починал од ефектите на коронавирусот.

Свештеникот Џузепе Берардели (72) починал во болницата во Ловере, Бергамо, најтешко погоденииот италијански град од пандемијата на „Ковид-19“. Според некои извештаи, најмалку 50 свештеници во Италија починале од коронавирус, пренесува агенцијата Танјуг.


Болничкиот персонал рекол дека отецот Берардели го одбил респираторот кој парохјаните го купиле за него и решил уредот да му го даде на помлад пациент.

Жителите на Касниго со ракоплескање од своите прозорци и балкони го испратиле минувањето на ковчегот со неговото тело на патот кон локалните гробништа. Поради мерките за изолација, немало никакво обред.

Во вторникот папата Франциск ја предводеше молитвата за починатите лекари и свештеници и му се „заблагодари на Бога на нивниот храбар пример на служењето на болните“.

Пандемијата зафати повеќе од 160 земји во светот, убивајќи повеќе од 16.000 животи, дури 6.077 во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.