Маж пукал ѝ убил касиерка во маркет, откако таа му кажала дека мора да носи маска во продавницата во американската држава Џорџија. Откако пукал во продавачката, човекот го ранил и шерифот кој пробал да интервенира, пренесува „Си-ен-ен“

Виктор Ли Такер (30) по расправија со вработената во маркетот, поради не носење на маска, имал престрелка со шерифот, каде и двајцата биле ранети.

Такер и ранетиот шериф се во добра состојба, додека касиерката беше убиена во маркетрот.
Се уште не се наведени никави детали околу расправијата помеѓу купувачот во маркетот и вработената, а полицијата изјави дека ранетиот напаѓач е уапсен, кој по пукањето се обидел да избега.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.