Откако Џеј Зи и Бијонсе предизвикаа хаос на социјалните мрежи кога за време на интонирањето на химната на овогодинешниот Супербол, тие седеа, се испостави дека зад тоа нема никаква политичка изјава.

Џеј Зи во вторникот се појави на Универзитетот Колумбија каде одговараше на прашања на универзитетскиот професор, а едно од нив било дали тој и неговата сопруга праќале некаква порака кога не станале за време на химната, пишува TMZ.

Всушност не. Жал ми е – рекол 50-годишниот музичар која неодамна потпиша договор со NFL.

Навистина само го гледаме шоуто – објаснил.

За него и Бијонсе фокусот бил во изведбата на Деми Ловато од професионално гледиште, тој додал и дека разговарале за нејзиниот настап и воопшто не сфатиле дека не станале.


 

Раперот исто така додал и дека не станувало за тивок протест од било кој вид, велејќи дека најгласниот протест бил одржан со изборот на расно и културно различни уметници кои настапиле за време на полувремето, пред се Џенифер Лопез и Шакира.

Тие го воодушевиле светот со импресивниот настап, но и платформата ја искористиле за некои впечатливи политички изјави, вклучувајќи ги децата кои пееле во неонски кафези, што многумина го протумачија како осуда на раздвоените семејства и контроверзните имиграциски политика под Доналд Трамп.

Инаку, за настапат на Деми Ловато познатиот пар имал само пофални зборови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.