Сопругата на Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина на 28 ноември на 57-годишна возраст, за „Фокус“ ја откри причината за неговата смрт.

Прочитав дел од шпекулациите за смртта на мојот сопруг и таткото на моите деца. Со цел да се стави крај на сите невистини и претпоставки решив да прозборам јавно. Дијагнозата е Интерцеребрална хеморагија, односно мозочен удар. Се друго е неточно. Жарко боледуваше пред неколку години, но со соодветна терапија ја победи болеста. Ова што се случи е комплетно неочекувано и секако огромен шок, појаснува Луковска за „Фокус“, додавајќи дека нејзиниот сопруг не починал во Србија, како што некои медиуми објавија, туку во Скопје.

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука на возраст од седум и шест години.

Жарко беше прекрасен сопруг и неверојатен татко, изјави неговата сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.