Иван Иванов, синот единец на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, неодамна ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“. Тој во емисијата „Бекстејџ“ раскажа се’ за книгата, но и други детали од животот.

Но, тоа не единствената причина поради која Бекстејџ го покани на разговор. Иван тогаш раскажа дека се свршил со својата девојка, тој претходно се објави во медиумите откако тој се пофали и на Фесјбук. Убавата вест тој ја потврди во емисијата но не го откри го идентитетот на избраничката.

Видете, во ова невино време, мене ми влезе личност која ми го облагороди моето време, некако си се надополнивме. Си знаев дека тоа е тоа, не можеби првиот ден, меѓутоа на почетоците, кога ја започнувавме нашата врска знаев дека тоа ќе биде тоа.

А како сум се чувствувал, ќе прочитате во наредната збирка која ќе биде инспирирана од тоа“, рече Иванов во Бекстејџ и раскажа кога открил дека таа е вистинската.

Видете, тоа не е нешто егзактно кое можеш да си го прерачунаш, според овие и овие параметри, пеперутките не за џабе велат дека не се залудни во стомакот..

И кога ќе ги осетиш тие пеперутки што подоцна можат да прераснат во големи змејови, што ти се случуваат во стомакот. Затоа што стомакот не лаже, дефинитивно. Кога ќе го почувствувате тоа во стомакот, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ги испишете една од најубавите приказни во животот“.

Потоа Иван сподели што било тоа со коешто неговата избраничка во освоила. „Со шармот, со насмевката, со нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција, со нејзината убавина, но пред се’ ме освои со тоа што таа беше онаа вистинската.

Во изминатиов период немаше никаква тенденциоизност, едноставно работите течеа по најприроден пат, и со таа нејзина природа ме освои“, откри синот на Маја и на Ѓорге Иванови. Тој рече дека кога ќе заврши панде мијата, ќе се случи голема, традиционална свадба.

Видете, јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, со баба, со дедо и баби што едноставно ми го всадиле тоа. Едноставно, јас сум горд на нашата македонска традиција, затоа што сметам дека тоа не прави тоа што сме ние.И не сакам да размислувам дека некој се срами од тоа и не сака да испочитува нешто што е обред и адет уште кај нашите стари коишто го почитувале. Затоа сакам да се испочитува тој дел, меѓутоа и оној забавниот, кој што е модерен“, откри Иванов.

Инаку, за неговата избраничка се знае дека се вика Јана. За својата книга, тој рече дека е негово ново интересно патување. Таа книга е хронологија на неговата младост и неговото зреење.

Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која ми го облагодори ова време. Некако си се надополнуваме со Јана и прекрасно ни е.

Пред еден месец, на 4 април, Иван Иванов стана татко, а поранешниот претседател Ѓорге Иванов, дедо. Радосната вест на социјалните мрежи, ја сподели таткото на Јана, сопругата на Иван, Атанас Кочов:

Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“, напиша Кочов на својот профил на социјалните мрежи и го означи зетот Иван.

Иван Иванов досега досега немаше споделено, ниту кажано како се снаоѓа во врска со татковството, а приватниот живот на семејството Иванови не е многу познат.

Тие уживаат со првото внуче, па можеби целото внимание му го посветуваат нему. Пред само 1 месец поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов стана татко, а негово внуче беше крстено по својот дедо.

На Ѓурѓовден, дедо и внучето слават именден. Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од него, откога стана татко.

На фотографијата се гледа како го шета својот син во количка, а тие се наоѓаат помеѓу зелената оаза во нашиот градски парк, каде во позадина се вее македонското знаме.

,,Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години”, напиша синот на поранешниот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.