Маж од источна Кина преживеа трикратко пукање на бешиката откако успеа да ја задржи мокрачата повеќе од 18 часа. Господин Ху(40) наводно заспал многу цврсто откако испил повеќе од 10 шишиња пиво за време на вечерното излегување, а во меѓувреме ни еднаш не мочал.

Тој се разбудил со интензивна болка во стомакот, а кога стигнал во болница се покажало дека мочниот меур распукал на три места. Тој веднаш бил опериран, со што била избегната сигурна смрт, зошто дел од тенкото црево му навлегол во распукнатата бешика.

Засега не е познато дали ќе има трајни последици од операцијата, иако Ху е закрепнат, пренесува „Дејли мејл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.