Познатата српса писателка Исидора Бјелица вчера на 52 години почина во Белград, по неколкугодишна борба со ракот.

Писателката починала во станот на нејзините родители во Нов Белград, а последните денови ги поминала во Охрид. Таа дошла во Македонија за време на викендот, за да се одмори, јавија српските медиуми, но бидејќи состојбата ѝ се влошила, итно се вратила во Србија пред два дена.

Бјелица токму во Македонија пред неколку години извојува неколку успешни битки против ракот, но се случи ремисија на болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.