Французинот (33), кој радикално го трансформирал своето тело во обид да се трансформира во „црн вонземјанин“, го сподели своето најново ажурирање откако му беа ампутирани два прста на левата рака за да формира „вонземска канџа“.

Ентони Лофредо е на пат да стане најпроменетата личност во историјата и редовно го документира својот обид да се трансформира во вонземјанско суштество преку Инстаграм под името Black Alien Project.

Покрај последната операција, на Лофредо му биле извршени и други шокантни зафати, вклучително и отсекување на носот и горната усна, расцепување на јазикот и покривање на целото тело – вклучувајќи го и очното јаболко – со тетоважи.

И покрај тоа, 33-годишниот се уште тврди во неодамнешната објава дека поминал само 34 отсто од патот низ својата трансформација.

Во својот најнов потфат за модификација на телото, Ентони одлетал во Мексико каде решил да отстрани два совршено здрави прсти од левата рака, споделувајќи видео од неговиот нов изглед на Инстаграм со опис „Го развивам мојот внатрешен мир“.

Иако го живееше својот сон, физичките трошоци за неговата трансформација му нанесоа голема штета на неговото здравје.

За време на лајв на Инстаграм минатата година, Лофредо објасни дека му било тешко да зборува откако му ја извадиле горната усна и спомна дека исто така бил привремено заслепен откако првично ги истетовирал очните јаболка во црно.

Французинот поради различни операции морал да го пропатува светот, а минатата година заминал во Шпанија да му го отстранат носот бидејќи таква операција е нелегална во неговата родна земја.

Тие, исто така, му ги извадиле ушите и му ставиле дермални импланти во лицето, што и дава на кожата нерамна текстура и создава врежани линии над јаготките.

Од мал бев страстен за мутации и трансформации на човечкото тело, изјави тој за француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.