Ирена Ивиќ, возачка на автобус од Милвоки, станала херој во Америка откако спасила едногодишно дете, кое само по пелена и боди талкало по улиците на студот.

Додека возела, забележала дете како босо трча по тротоарот, а било облечено само во боди. Детето плачело, а Ирена го запрела автобусот, излегла надвор и го земала во раце.

Ох, Боже, целата се тресам, рекла Ирена, а истото го повториле и некои патници во автобусот.

Видно вознемирена го внела детето во автобусот, а останатите патници ѝ помогнале да го стопли. Повикале помош, а бебето заспало во рацете на храбрата Ирена, додека ја чекале полицијата.

Подоцна е утврдено сека мајката го оставила босо детето на улица, а социјалните служби се погрижиле детето да го земе таткото. За Ирена, која потекнува од Прокупље, пишуваат сите американски медиуми.

Среќна сум што можев да му помогнам на детето, скромно рекла храбрата возачка.

„Прокупље на длану“ пренесува дека Ирена во родниот град до 1999 година работела како негувателка, а потоа одлучила да побара подобар живот. До 2005 година повремено престојувала во САД, не го знаела јазикот, а зелена карта наводно добила на лотарија.

По доаѓањето најпрво возела камион, потоа школски автобус, а на крајот пред две години добила постојана работа во градскиот превоз.

Во Србија мојата сестра речиси не возеше воопшто. Потоа, откако отиде во Америка, меѓу останатото, морала да го научи и тоа. Кога видов што направила, плачев. Навистина е емотивна човечка приказна во која некој кој ми е многу близок покажал хуманост и човечност, рекол нејзиниот брат, Дејан Дробњак, истакнувајќи дека е горд на својата сестра.

Додал дека секогаш била борец и хуманист, а бидејќи во Америка не можела да работи како негувателка, постигнала максимум во работата со која се занимава.

Животот ќе те научи на сè. А тогаш кога ќе се избориш за своето место под сонцето, природно е да им помогнеш и на другите. Горд сум на својата сестра, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.