Светот се менува и во согласност со него, се менуваат и навиките, потребите и очекувањата на потрошувачите. Токму затоа иновациите, примената на науката, дигитализацијата и трансформацијата се неопходни промени за традиционалните индустрии за нивно прилагодување на барањата на современиот пазар. За компаниите кои нема да ја препознаат потребата за промена и кои немаат визија и храброст за многу често радикална сопствена трансформација, промените честопати можат да бидат фатални.

 

Примери за иновации има и кај оние компании од кои тоа најмалку го очекуваме. Иако постоеше уверување дека тутунската индустрија е непроменлива константа и дека додека постои светот ќе има цигари и пушачи, сепак се случи промена. И тоа од водечкиот во тутунската индустрија, гигантот Филип Морис Интернешнл (ФМИ) кој меѓу првите заклучи дека традиционалните цигари „го отслужиле своето“. Во центарот на работењето на тутунскиот гигант ФМИ, при создавањето на својата иновативна тутунска алтернатива IQOS, стојат токму концептот за намалување на штети и, се разбира, науката. IQOS уредите, кои се веќе добро познати во јавноста и воедно достапни на македонскиот пазар, претставуваат софистицирани електронски уреди наменети за загревање на тутунот. Иновативноста доаѓа токму од нивната суштина, да овозможат автентично искуство, но со значително помало ниво на ризик.

 

Кога ќе се запали цигара, тутунот почнува да гори и се создава тутунски чад преку кој пушачите внесуваат не само никотин, туку и повеќе од 6000 супстанции, од кои многу се штетни и канцерогени. Меѓу нив се и јаглерод моноксид и катран. Истражувањата кои постојано се спроведуваат покажале дека никотинот не е примарниот причинител за болестите кои настануваат при пушењето, туку чадот од тутунот. Токму затоа, лекарите во последните десетина години интензивно работеа на менување на оваа штетна навика со подобар алтернативен производ кој е помалку опасен и е во согласност со унапредувањето на јавното здравје.

 

Во споредба со цигарите, електронските уреди кои го загреваат тутунот претставуваат алтернативен и побезбеден модел за здравјето на граѓаните. Главната предност е во тоа што значително се намалува изложеноста на штетни материи и до 90 проценти помалку токсични и канцерогени соединенија продираат во човечкиот организам во споредба со традиционалното пушење на цигари, а тоа е потврдено и со бројни независна истражувања и научни студии. Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на алтернативни тутунски производи, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот.

 

Иднината без чад од тутунот е можна, но на тој пат е неопходна поголема достапност на информациите за постоечките алтеративи. Ова бара вложување поголеми напори на тутунската индустрија, со цел да ја демонстрира способноста за намалување на штетите, што би го подобрило здравјето на корисниците и заедницата во целина.

 

iQOS претставува одговор на растечката потреба на возрасните пушачи за помалку штетна алтернатива и да се преземе нешто во врска со загрижувачката долгогодишна светска пандемија на пушење, поттикнато од брзиот развој на модерната технологија и најновите научни откритија. При консумирањето на овој уред не се создава чад од тутунот, туку аеросол. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 95 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки. Овие уреди се наменети за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат и важно е да се напомене дека не претставува производ без ризик.

 

Технологијата за загревање на тутунот без согорување е препознаена од повеќе влади и јавни здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. Филип Морис Интернешнл, водечката групацијата сопственик на овој тип технологија, која во моментов цели 100% на производи без чад, ги користи овие електрични уреди за да ја забрза својата цел, иднина без чад.

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.