Ајде Државо, ајде луѓе, сите сме сега на потег, кој колку што може, се вели само во еден од апелите на социјалните мрежи за помош на Јордан и неговата неподвижна мајка Ангелина, која по доживеаниот мозочен удар е врзана за кревет веќе 15 години.

Јавноста се крена да помогне по сторијата на ТВ24 за семејството кое живее во мизерни услови и се бори за основните потреби, како храна и лекови.

Оваа одаја која повеќе личи на пештера отколку на соба, вчера беше местото каде што Велешанецот Јордан Јованов го прослави својот именден и 40 ти роденден. Но, немаше славеничка песна, ниту радост во неговиот дом. Јордан нема пријатели. Ниту колеги од работа. Единствениот другар е неговата неподвижна мајка Ангелина, овие четири мувлосани ѕидови и подот кој почнал да се поткопува до земја. Студот е секојдневието за овие луѓе. За да заштедат од дрвцата кои им останале, старото ќумбе го палат попладне. До тогаш, 75 годишната Ангелина седи во ладно. Се грее со термофор и шише топла вода в раце. Јордан го трпи студот. Сиромаштија не е вистинскиот збор да се опише животот на овие луѓе – туку беда, се вели во сторијата.

На „Фејсбук“ луѓето прашуваат – Имаме ли држава?

Има ли воопшто живот за овие луѓе?
Има ли барем некој кој може да им помогне овие двајца луѓе, на мајката Анѓелина и синот Јован?
Аман бре луѓе што живот е ова?
Никогаш помош не побарале, ова е прв пат!!! Ајде Државо, ајде луѓе, сите сме сега на потег, кој колку што може, барем да имаат малку достоинствен живот!!!

Контакт за помош:

Телефон на синот Јордан 074600659
Жиро сметка: Ангелина Јованова 370000016047902 Еуростандард банка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.