Распадната куќа која којзнае како уште стои, без фасада, гола однадвор, солупена одвнатре, дрвен таван и прозорци кои едвај ги запираат налетите на ветерот и дождот, Ова е домот каде баба Ѓурѓа Марковиќ, која со своите 113 години е најстарата граѓанка на Србија, ја поминува својата последна доба.

Наместо нејзината старост да биде достојна, помината на чисто и топло место, баба Ѓурѓа, која годинава ја победи и короната, се бори и страда на самиот раб на сиромаштија.

Таа родила 11 деца, од кои има над 100 внуци.

Тежок ми е животот. Најстарото дете ми има 90 години. Таа е ќерка ми, која живее во Македонија. Најмалото дете, не знам колку години има сега. Тешко ми е да одам, да лежам, едвај слушам и не гледам речиси ништо, раскажа баба Ѓурѓа во интервју за емисијата „Квадратура круга“.

Млада активистка сега покрена хуманитарна акција, за да ѝ се помогне на беспомошната Ѓурѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Misirlic (@tamaramisirlic)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.