Директорот на компаниите СпејсИкс и Тесла, Илон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да се вакцинираат против коронавирусот.

Маск за Њујорк Тајмс изјави дека ниту тој, ниту неговите деца не се во ризичната група кога станува збор за ковид-19.

Коментирајќи ги мерките за карантин што ги применуваат многу земји во светот со цел да се спречи ширењето на вирусот, тој рече дека е против ваквите мерки затоа што тие не придонесуваат за општото добро.

Во суштина, вистинската работа ќе беше да не ја затворавме целата земја, но мислам дека сите што се во опасност треба да бидат во карантин додека не помине бурата, рече Маск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.