Познатата алпинистка, Илина Арсова, замина во Америка. Таа е во Тенеси, каде започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

Илина се обрати преку видео во кое посочи дека одлуката да замине не била лесна и се заблагодари за поддршката од семејството и нејзиниот партнер, шоуменот Игор Џамбазов.

-За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси. Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоци никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите- порача Арсова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.