Диего Армандо Марадона и Фидел Кастро одржуваа огромно пријателство што јавно го искажуваа во секоја можна прилика. Судбината сакаше тие двајца да починат на истиот ден со разлика од четири години.

Лидерот на Кубанската револуција и долгогодишен претседател на Куба, почина на 90-годишна возраст, додека Марадона го заврши животот на 60 години поради инфаркт.

Пријателството на Марадона и Кастро, датира од 1987 година, многу брзо откако Аргентинецот го освои Светското првенство во Мексико во 1986 година. Марадона од секогаш покажувал неизмерна почит кон Кастро, како и кон другиот лидер на Кубанската револуција, Че Гевара, а восхитот кон овие двајца, Марадона го искажа и со тоа што го истетовира ликот на Че на десната рака, а тој на Фидел на левата нога.

Пријатлеството меѓу Марадона и Фидел беше толку големо што на почетокот во 2000 година, Кастро ги стави на располагање на Марадона сите ресурси на Куба за да му помогне да се излечи од зависноста кон дрогите.

Фидел, ако нешто научив со тебе за време на годините на долгото и искрено пријателство е тоа дека верноста нема цена – напиша Марадона во едно свое писмо до Кастро, со кого често дебатираа за теми од политиката и спортот.

На 25 декември, Диего Марадона ја доби една од најлошите вести во својот живот, дека починал неговиот драг пријател, Фидел.

Веста ме погоди со огромен шок, затоа што тој за мене беше како втор татко. Долго време не можев да престанам да плачам. Беше како некој одненадеш да ме погодил во срце – изјави Марадона кога ја дозна веста за смрта на Фидел Кастро.

И, како што само судбината може да одлучи, токму на четвртата годишнина од смртта на Фидел, да дојде смртта на Диего Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.