Едногодишна страсна љубов, која и ден-денес ја памети 56-годишната пејачка на Нови фосили Сања Долежал. Сања имала 22 години кога се запознала со Дражен Петровиќ, а приказната која завршила со љубов, во почетокот требало да биде маркетиншки трик за двајцата.

Тогаш имав 22 години, а на тие години кога сакаш, навистина сакаш, вели Сања за едногодишната страсна љубов со кошаркарот Дражен Петровиќ.

Ги запознал музичкиот менаџер Зоран Шкугор. Со Дражен тогаш биле мајка му Бисерка и татко му Јован. Тоа требало да биде добра маркетиншка приказна. Сања по упатите на Шкугор почнала да оди на натпреварите на Дражен, а тој на нејзините концерти, па пријателството меѓу нив прераснало во љубов.

На натпревар на Цибона Сања беше главна мета на фоторепортерите. Ја снимаа само неа како навива за Дражен. Сите се прашуваа дали Сања и Дражен се заедно, а бидејќи си се допаднаа, започнаа врска која траеше скоро една година. Не се криеја од јавноста. Кога беа слободни, шетаа фатени за рака низ Загреб, а луѓе им приоѓаа и им велеа дека се прекрасен пар, им посакуваа брак, деца, среќа…“, раскажува Шкугор.

Дражен беше маѓепсан од Сања. Баш како и таа од него. Беа млади, популарни и слободни. Таа година тие двајца живееја еден за друг. Со товарот на славата двајцата знаеја да се справат. Одлично се разбираа, а за љубомора немаше место. Но одвоеноста го направи своето. Дражен играше низ светот, а Сања имаше и по 200 концерти годишно. Емоциите полека згаснаа, а по една година ја прекинаа врската. Тоа беше во 1986 година, се присеќава Шкугор.

И понатаму останаа блиски. Секогаш кога имаа слободно време се наоѓаа на ручек како пријатели. Останаа во добри односи и многу се почитуваа“, додава тој.

Дражен загина во сообраќајна несреќа кога имаше само 28 години.

Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт, се сеќава Сања.

Сања сè уште контактира со мајка му на Дражен, а вели дека песната на „Нови фосили“, „Још те волим“ ѝ е многу мила бидејќи ја потсетува на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.