Македонски мајстори вградија електричен мотор во легендарниот автомобил „застава 750“, попознат како „фиќо“, пишуваат хрватски медиуми.

Работата на замената на оригиналниот мотор ја изврши фирмата “ББ класик карс“ од Скопје, која се занимава со реставрација на класици.

Така му е даден нов живот на малиот автомобил што ја моторизираше поранешна Југославија. Во скопската фирма истакнуваат дека најмногу сакаат да работат токму на „фиќовци“ и оти се единствени во Европа со сертификат за конверзија на тие автомобили на струја, пренесува „Пословни дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.