Ако добро слушнете, на некои места ќе слушнете и хор од риби.

Океаните или морињата може да изгледаат како оази на мирот и тишината. Кога ќе нурнете, ако побегнете од метежот во плиткото, не слушате речиси ништо. Но, на некои места под морето на нашата планета можете, ако добро слушате, да слушнете како пее хор од риби, тврдат научниците.

Тие одредени видови на риби всушност пеат соло делници, повторуваат исти повици цело време, но кога тие звуци од различни риби ќе се преклопат, настанува хорска мелодија, пишува Godnewsnetwork.

Биоакустичарот Роберт Мекколи и неговите колеги од Куртин универзитетот во Австралија, во текот на 18 месеци го снимале вокалното изразување на рибите во крајбрежните води покрај Хедланд во западна Австралија и идентификувале седум различни хорови на риби кои пеат во текот на зората и зајдисонцето.

На снимката позадинскиот звук кој потсеќа на длабоките звуци на рог, доаѓа од Протонибеа диакантус, додека периодичното “потпевнување” и припаѓа на рибата Терапонтидаеи. Третиот учесник во групното пеење е нешто потивкиот вид Огцоцефалидеа, кој пее нешто што звучи како “ба-ба-ба”, пренесува Goodnewsnetwork.

Звуците можете да ги слушнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.