На официјалната страница на кралскиот пар, принцот Хари објави долга изјава во која зборува дека неговата сопруга станува една од жртвите на британските таблоиди и дека тоа е многу болно за неговото семејство.

Како пар, веруваме во слободата на медиумите, објективноста и вистинитоста при известувањето. Ние веруваме во ова врз основа на демократијата, а во моментов во светот, никогаш не ни биле потребни поодговорни идеи. За жал, мојата сопруга е една од последните жртви на британскиот печат кој го плаќаат против одредени поединци без размислување за последиците. Несовесната кампања ескалираше минатата година, за време на нејзината бременост и по неа“ – вели принцот Хари.

Парот нагласи дека досега не успеале да ја поправат грешката и заблудите кои настануваат поради тоа.

Поради тоа пробуваме да ги поправиме по легален пат, а процесот трае веќе неколку месеци“ – вели Хари. Однесувањето на медиумите кон Меган го нарече малтретирање кое не е прифатено од ниту едно ниво во општеството. Исто така, стравува дека историјата се повторува, бидејќи истото се случувало и на неговата мајка, принцезата Дијана.

 

Иако оваа наша постапка не е сигурна, сепак е вистинска. Бидејќи многу ми е страв историјата да не се повтори. Видов што се случува кога некој кој го сакам се доближува до точка кога не го третираат како жив човек. Ја изгубив мајка ми, а сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите моќни сили“ – истакна принцот Хари.

Иако не изгледа дека ни треба поддршка, навистина ја сакаме“ – додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.