Во британското кралско семејство растат тензиите како што се ближи датумот на „Мегзит“ – 31-ви март, датумот кога Хари и Меган и официјално ќе го „напуштат“ кралското семејство и ќе започнат да живеат со својот син Арчи во Канада.

Хари и Меган посакаа да бидат финансиски независни и сами да заработуваат. Секако, тие нема да останат „сиромашни“ затоа дури и ако се откажат од сите пари кои ги добиваат на годишно ниво (6,5 милиони фунти), на Хари ќе му останат 30 милиони фунти како наследство, а Меган има богатство кое се проценува на 4 милиони фунти.

Но, тие очигледно планираа да развијат свој бизнис. Дури и ако го стават своето лого на маички и пенкала, јасно е дека ќе заработуваат премногу, затоа што кралските експерти нивниот „Сасекс Ројал“ бренд го проценуваат на дури 400 милиони фунти.

Но, 93-годишната кралица Елизабета Втора го откри нивниот план за богатење „на грбот“ на кралското потекло на Хари, па веднаш го забрани користењето на брендот „Сакес Ројал“, затоа што со оглед на тоа што ги напуштија службените должности, тогаш не смеат да се претставуваат како дел од британското кралско семејство. Тие повеќе не се Ројал.

Оваа одлука пристигнала откако Хари и Меган веќе вложиле средства за развивање на бизнисот и отворање на нова интернет страница, а се подготвувале и за основање на хуманитарна организација.

Како што пренесуваат британските медиуми, Хари и Меган не ја прифатиле добро оваа одлука на кралицата, па објавија остро соопштение во кое според многумина, покажале големо непочитување кон британската кралица.

Во соопштението тие напишаа дека „кралицата не е сопственик на зборот Ројал во целиот свет и дека тие не се никаков преседан во кралското семејство во врска со барањето работа, затоа што „членовите на кралското семејство можат да побараат работа надвор од институциите“.

Според многумина, ова соопштение е „непријателско“ и сметаат дека е непочитување кон кралицата. Како и да е, Хари и Меган нема да го користат тој назив, туку смислиле нов.

Со оглед на посебните прописи на британската влада за користење на зборот Ројал, договорено е нивната непрофитна организација да не го носи називот Сакекс Ројал – изјави нивната портпаролка.

Според британските медиуми, најверојатно нивниот бренд ќе се нарекува „Маркл енд Спенсер“ по презимето на Меган и презимето на мајката на Хари, принцезата Дајана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.