Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, откриваат планови за основање на нова добротворна организација „Арчивел“ како замена на брендот „Сасекс Ројал“, пренесуваат британските медиуми.

Името на организацијата потекнува од грчкиот збор арче – што значи извор на акција, кој бил инспирацијата за името на нивниот син Арчи.

Двојката засега одлучи да го одложи објавувањето на дополнителни информации за организацијата, поради пандемијата на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.