Дики Арбитер (79) кој со години работел за кралското семејство како нивни стручњак за односи со јавноста, ги искритикува принот Хари (34) и Меган Маркл (37) за начинот на кој го претставија синот пред светот.

Дики Арбитер

Се беше наместено, присутноста на камерката на американската телевизија „Си-би-ес“ во која со години работи блиската пријателка на Меган, Гајл Кинг (64), само за прилогот од Винздор да се емитува во утринскиот ударен термин во САД е вистински безобразлук и шлаканица за Велика Британија и Комонвелтот и на сите даночни обрзници кои всушност ја финансираат монархијата, смета Арбитер, а пренесува „Дејли мејл“.

Гајл Кинг

Според него, одбирањето американска тв-мрежа каде што работи нечија пријателка е многу ризичен потег.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.