Грчката полиција уапси свештеник кој нападна група владици во манастирот Петраки во Атина,  фрлајќи киселина кон нив. Свештеникот се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин.

Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот, се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно беа пренесени во болница.

Полицијата не кажа каква течност била фрлена, но додаде дека некои од хоспитализираните имаат сериозни изгореници. Повеќето од повредените имаат висок ранг во Грчката православна црква.

Изгореници се здобил и чуварот на манастирот, кој успеал да го фати свештеникот пред портата и бил пренесен во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.