Деновиве актуелна е кризната состојба со обрасци за патни исправи – пасоши и според последните официјални податоци преостанати се уште 3.700 обрасци за пасоши, а има поднесено околу 16.500 барања по редовна постапка и 650 по итна постапка, пишува адвокатот Глигорие Ќатоски за Академик.мк

Според него, „на голем дел од граѓаните кои навремено поднеле барање за издавање на пасош поради кризната состојба во надлежното министерство нема навремено да им биде изготвен нивниот пасош и со тоа ќе бидат принудени да го одложат своето патување.  Доколку со ваквото одлагање на своето патување врз граѓаните се нанесе штета, било да е тоа од материјална или од нематеријална природа, или комбинирана, тогаш тие ќе се стекнат со право на надомест на таа штета. Одговорен орган за надомест на ваквата штета ќе биде Министерството за внатрешни работи.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.