Незадоволен градежен работник, поради наводна караница околу плата, влегол во багер и урнал поголем дел од фасада на штотуку изградена зграда. Штетата е околу 500.000 евра.

Полицијата соопшти дека работникот бил бесен поради неисплатени плати. Тој не бил пијан, ниту под влијание на дрога.

Идните станари на станбениот урнат комплекс кои планирале наскоро да се вселат сега ќе мора да почекаат неколку месеци, додека штетата не биде санирана. Работникот освен дел од фасадата на зградата бесот го истурил и на гаражите во близина. Во некои од нив биле складирани плински боци кои за среќа не експлодирале инаку целата приказна ќе имаше трагичен крај.

Оштетени се најмалку 30 апартмани во инцидентот, а вкупната штета е околу 500.000 евра. Од градежната филма Ingo Fangerow велат дека на работникот сè му е исплатено, според договореното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.