Момчето(9)кое во вторникот се обесило во својата соба во стан во Белград, внук е на српскиот генерал Божидар Делиќ.

Момчето кое родителите го пронашле мртво, најверојатно го изгубило животот поради учеството во Блекаут предизвикот на социјалната мрежа Тик Ток.

Овој предизвик подразбира децата да си стават каиш околу вратот, го стегаат и го снимаат тој чин со мобилен телефон, се додека не паднат во несвест. Играта на гушење или уште како што се вика Предизвик на онесвестување, за жал е тренд меѓу младите.

Децата кои ја гледаат снимката најпрво се смеат, потоа стануваат исплашени дали нивниот другар или другарка ќе се повратат од несвест, а сето тоа се завршува со восхитување и охрабрување како нивниот јунак на предизвикот испаднал цар, неуништлив, храбар…

Желбата да ги следат и учествуваат во  предизвиците се објаснува со еден збор, драма.  Возбудата која би требало да ја почувствуваат поради победа во некој спортски натпревар, децата го заменија со адреналинско возбудување поради одење по жицата на ивицата на животот и смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.