Денеска се празнува Свети Јован Крстител, кој го претскажал Христовото доаѓање и го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Свети Јован, според преданијата, живеел едноставен и аскетски живот, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, а се облекувал во наметки и фустани од влакно од камила. Во реката Јордан го крштевал секој кој ќе се покаел.

Отсечена му е главата по налог на римскиот управител, Ирод Антипе во време на проектератот над Палестина.

Верниците многу често го даваат името Јован на своите деца и кај православните и кај католиците. Православните слават и куќна слава Свети Јован, а католиците најчесто слават именден.

Се верува дека токму на денот на Свети Јован се случуваат разни чуда со помош на овој светител, па оттаму потекнуваат мноштвото народни обичаи врзани токму за овој ден. На денешен ден, верниците не треба да земаат во раце нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. На децата на овој ден не им се дава ништо со црвена боја. Ниту јаболки, ниту сок. Не се јаде и пие ништо што е црвено, бидејќи ја симболизира невино пролиената светителска крв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.