Кинезот Ксиао Ванг имал само 17 години кога одлучил да го продаде бубрегот со цел да си купи Ајфон 4, кој не можел да си го дозволи.

По операцијата, на Ванг му било кажано дека ќе го продолжи својот живот нормално со еден бубрег, но останал траен инвалид и речиси 8 години бил зависен од дијализа.

Тој не смеел да им каже на своите родители дека го продал бубрегот, но набрзо се појавила инфекција на неговиот здрав бубрег, што со текот на времето почнал да му откажува.

Откако родителите дознале за тоа, покренале тужба против докторот кој ја извршил операцијата и добиле компензација од околу 320 илјади долари, а со поголем дел од парите го покриле лечењето на младиот Ванг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.