Николас Аујула (35) од Лондон, уште во 2018 година зборувал за катастрофата на грип кој ќе доминира  со светот, визија за која сега се верува дека ја најавила епидемијата на ковид 19, чиј ефект се споредува со шпанскиот грип.

Исто така предвидел дека Трамп ќе ги изгуби изборите, како и глобаните протести, кои се случија годинава.

Единствена работа за која луѓето многу ме прашуваа оваа година е корона вирусот. Имам визија дека тоа ќе се реши после нова година и дека стапката на зараза ќе биде сведена до точка кога ќе биде под контрола до пролет најдоцна – тврди Николас.

Сепак тој предивудва дека паниката и ограничувањата околу вирусот ќе продолжат се до 2022 година.

Во прогнозите на Николас исто така се продолжуваат и протестите ширум светот во наредните две до три години и ги вклучува визиите на граѓанските немири.

Исто така предвидува масовно движење на луѓето, како и миграција во еден правец.

Гледам дека луѓето некаде се селат по подобар живот, скоро како масовен егзодус. Не зборувам за неколку стотини, мислам на илјадници – рекол тој.

Кога е во прашање наредната година тој има неколку ужасни визии, една од нив е атентат на еден светски лидер.

Искрено се надевам дека тоа нема да се оствари – рекол тој.

Исто така имал визија за светски самит кој ќе го погоди сексуален скандал и подем на крајно десничарската политика, посебно во јужна Европа, Блискиот Исток и Африка, како и ерупција на вулкан, која ќе доведе до големи временски промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.