Расел Кроу не беше во Беверли Хилс за да го прими Златниот глобус за најдобар актер во минисерија бидејќи Австралија се бори со катастрофалните пожари, во кои што настрадал и неговиот дом. Место тоа, Кроу се огласи преку однапред напишана порака, во која се обиде да ја крене свеста за климатските промени.

Не бидете во заблуда. Трагедијата што моментално ѝ се случува на Австралија е заснована на климатски промени. Мора да ја слушаме науката и да се свртиме кон обновливи извори на енергија. Да ја почитуваме оваа наша неверојатна и уникатна планета – изјави Кроу, кој беше награден за серијата „Најгласниот глас“.

Џенифер Анистон, која требаше да му ја додели наградата, кажа дека Кроу останал дома за да го штити своето семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.