Која е границата до која некои инфлуенсери се спремни да одат за повеќе следачи и прегледи, а со тоа и пари? За рускиот влогер Михаил Литвин, очигледно таа е доста над добриот вкус или смисла за забава.

Русинот, кој има над пет милиони претплатници на неговиот јутјуб-канал објави видео на кое го пали својот „мерцедес АМГ ГТ 63 С“, вреден скоро 200 илјади евра. Причината за огнот е што возилото „му создало многу главоболки“ зошто имало многу проблеми, а по пет прегледи и поправки, не успеале да ги најдат причините за нив.

Видеото за три дена го погледнале повеќе од 11 милиони корисници:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.