Дваесетипетгодишен Кинез е хоспитализиран откако лекарите утврдиле дека во неговиот мочен меур е заглавен стаклен топломер, кој завршил таму откако мажот го ставил топломерот во неговиот пенис, поточно во мочниот канал.

Тој побарал лекарска помош дури кога забележал крв во урината. Иако прво не сакал да открие детали, подоцна морал да признае дека пред 11 дена си напикал топломер во уретрата. На почетокот се обидел самиот да го извади, но топломерот веќе завршил во мочниот меур. Но, и тогаш не побарал помош, туку сметал дека топломерот ќе излезе преку природен пат.

Тимот уролози и хирурзи, под водство на доктор Хаининг Куан, извршиле сложен хируршки зафат, и со помош на тенка цевка, која на врво имала камера и мали клешти, успеале да го извадат топломерот малку по малку, по истиот пат по кој тој бил пикнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.