Сиера и Ли одлучиле да ја „истуркаат“ бременоста докрај и да поминат малку време со својот син кој пристигнал два месеци пред терминот, а починал само три часа по породувањето. Му го дале името Самуел Ли.

Своите тешки моменти ги споделила на Фејсбук, а објавата собрала илјадници лајкови, споделувања и коментари.

Кога дознав дека повторно сум бремена, најголема желба ми беше успешно да дојам. Но, кога ја дознав дијагнозата на Самуел, јасно ми беше дека тоа ќе биде невозможно. Пред да нè напушти Самуел, си ветив дека ќе го донирам млекото. Ќерка ми Портер пиеше донирано млеко уште во првите 6 месеци. Не можев да го спасам Самуел, но затоа можам да спасам некое друго бебе“, напишала таа.

Сиера го собирала млекото 63 денови, собрала 14 литри и успеала во намерата да им помогне на жените кои не можат да дојат.

На денот кога по правило Самуел требаше да се роди – го донирав млекото во банка за млеко во Америка – прв и последен пат. Одењето по ходниците на болницата беше уште еден чекор во лекувањето. И знам, почувствував дека Самуел беше таму со мене.“

Сиера и Ли го подигнуваат нивото на свеста за трисомија 18 и се надеваат дека нивното искуство ќе ги научи другите и ќе им користи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.