Јашар Ахмедовски, е еден од ретките пејачи кој успеа да ја сочува својата приватност од јавноста, ретко дава интервјуа, а и кога го прави тоа нема желба да открие премногу.

Сепак ја отвори душата, па откри неколку  детали од животот.

Меѓу останатото, се присети на покојниот колега  Тоше Проески, па откри какви тешкотии имал тој на почетокот на кариерата.

После загинувањето на брат ми Ипче, правев Ипче фест во Лажани, каде доаѓаа по 30.000-40.000 луѓе. Дури и Тоше Проески доаѓаше и се пријавуваше за натпреварување, ама не се натпреваруваше, бидејќи сепак народна музика беше во прашање. Еднставно го исфрлија од натпреварувањето. Јас не бев во жирито, други луѓе така проценија. После тоа, поради политички превирања, тој фестивал исчезна – раскажал Јашар во емисијата Печат на времето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.