Џена Еванс од Сан Диего сонувала дека го проголтала својот свршенички прстен, а кога се разбудила сфатила дека тоа навистина се случило.

Сонував многу чудна ситуација со негативци, во воз. За да го зачувам прстенот го проголтав. Дури и се разбудив и мислев дека сонувам, па заспав. Утрото видов дека го нема прстенот на мојата рака, напишала 29-годишната жена на „Фејсбук“.

Кога отишла на лекар прво ѝ било срам да признае што ѝ се случило. Повикале цел тим за да можат да ја слушнат неверојатната приказна.

Лекарите препорачале дека најпаметно е да се изврши ендоскопија и да се извлече прстенот од нејзиното тело.

Најпрво никој не ѝ верувал и сите кои ја чуле приказната се смееле, но кога била снимена на рентген, лекарите се шокирале кога виделе дека прстенот е навистина во нејзиниот стомак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.