Шестгодишниот Петар Дулетиќ од Будва, исчезнал вчера во претпладневни часови во близина на еден од рестораните во градот. Потоа следела голема акција во која полицијата, мештаните како и припадниците на противпожарната служба го барале момчето. За среќа, Петар бил пронајден е жив и здрав, а незгодата му се случила откако паднал во шахта, црногорски медиуми.

Детето било пронајдено во шахта за канализација на Словенската плажа. Детето повеќе од стотина метри одело низ цевка под земјата, а неговиот плач го слушнале граѓани кои ги известиле надлежните служби.

Група пожарникари морале да се провлекуват низ цевката додека да го најдат Петар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.