Жена во Мексико била крвнички убиена од 11 кучиња, додека одела на работа. Кучињата првично ја следеле, а потоа ја собориле на земја и ја растргнале.
Снимката од надзорните камери покажува дека жената ненадејно ја опкружуваат 11 кучиња. Тогаш се обидела да побегне, а потоа се губи од видео кругот при што очигледно паѓа на земја. Според извештаите, кога нејзиното тело било пронајдено на многу места кожата ѝ била растргната, како и косата и делови од черепот.
Градоначалникот ги упати членовите на Центарот за контрола и заштита на животни да го посетат местото на настанот и да ги пронајдат животните.
Полицијата води истрага и сè уште не ја исклучува можноста дека кучињата биле намерно поставени на тоа место за да ја убијат несреќната жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.