Откако вчера беше објавена информацијата Александар Маленко е повторно сам и разведен, што тој самиот го потврди во „Добар ден, секој ден“ на телевизија Алфа, денеска Маленко повторно се огласи потенцирајќи дека неговиот развод е стара вест.

Маленко се разведе од четвртата жена! Абе какви се тие ексклузивни пишувања за мојот приватен живот и за брак кој завршил пред 18.5 месеци или пред година и пол,како сакате – вели Александар Маленко, за mms.mk.

Тој по вчерашното гостување на телевизија каде, како што вели,само рекол –„сам сум“ ги натера медиумите да пишуваат за развод со сопругата Фанче од Охрид, со која ги има децата Доминик (6.5) и Елисеј (4.5).

Со Фанче решивме да се разделиме пред година и пол и до сега никаде ништо не сум спомнал. Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракот заврши со пријателска разделба, без трауми. Животот продолжува понатаму, ние сме во комуникација и понатаму, а децата поради работата, бидејќи веќе три години живеам и работам во Скопје, не се секој ден со мене и не ги гледам како треба. Тие се со Фани и живеат в нашиот дом во Охрид. Нема драма, нема помпезност, нема ниту трауми. По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање. Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол – вели пливачот.

За причините за развод не сака да коментира, бидејќи, како што вели, тоа не го правел досега, а нема да го прави ниту, пак, сега.

Ако луѓето живеат за да ми бројат колку пати сум се женел, Господ нека им е на помош. Секој нека си го гледа својот живот и својот брак. Да, ќе порачам- гледајте си ги своите бракови, бидејќи 90 отсто од браковите ви се фиктивни и сега мене ќе ми водите ред – вели Маленко.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.