На Алпите во Швајцарија, се одвоија долниот и горниот дел на глечерот Туртемањ што најнов показател за последиците од глобалното затоплување.

Предупредување беше дадено најпрво од друг алпски глечер, оној на Плапинцио, кој се наоѓа во масивот на Мон-Блан, на француско-италијанската граница. Сепак, рушењето на глечерот се случи во Швајцарија, поточно на глечерот Тортемањ, во кантонот Вале, кој делумно пропадна. Притоа се создаде лавина од парчиња мраз, снимена од сведоци на тажниот спектакл.

Глечерот стануваше потенок од година на година со што се зголемуваше да се урне. Такво нешто сега се случи кога долниот дел на глечерот се одвои од горниот.

Според експертите за природната средина, ова е случка која треба да предупреди за последиците од глобалното затоплување. Сепак, ова не е изолирана катастрофа и уште еднаш ги доведува во прашање човековите активности и нивните влијанија врз природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.