Преубава млада брачна двојка, Линдита(25) и Ветон Мусаи(29), беше убиена на новогодишната ноќ додека тие со своето семејство прославувале во својот дом.

,,Ангелската двојка од Мелбурн“, како што ги нарекува Д Сан, биле застрелани од разбеснетиот татко на Линдита со кого имале нарушени семејни односи, поради што и не бил поканет на нивната свадба, која се одржала во еден од најлускузните хотели во Мелбурн, Шелдон Ресепшн, една година пред трагичниот настан.Тој ги убил од заседа.

Последното збогување со Ветон и Линдита Мусаи, кои беа убиени од таткото на Линдита, Осман Шаптафај, вечерта на 31 декември, беше пред два дена во Мелбурн.Линдита го загубила животот веднаш, додека Ветон починал во болница.

Многубројни пријатели на семејството, со солзи се збогувале со младата двојка која пред неколку дена ја прославила годишнината од свадбата и изгледале толку среќни.

Австралиската полиција очекува да го сослуша таткото убиец, кој исто така се обидел да му стави крај на животот по неверојатното злосторство и сега е во критична состојба.

Осман Шаптафај исто така потекнува од Македонија и во деведесетите години од минатиот век емигрирал во Австралија, но никогаш со никого немал добри релации. Врската меѓу татко и ќерка никогаш не била добра.

Според австралиските медиуми, врз основа на сведочења од роднините на семејството, Линдита Мусаи по бракот се обидела да започне нов живот далеку од нејзиниот татко, но тој не прифатил таков факт и се спротивставил на напуштање на нејзиниот дом извршувајќи го на крај злосторството без преседан.

Ветон Мусаи бил син на водачот на албанската заедница во оваа земја, Алил Мусаи, кој пристигнал таму од Македонија во осумдесеттите, и им помогнал на многу други Албанци кои подоцна пристигнале во Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.